Во низа се редат хитовите на охридскиот хип-хоп артист Багзи, а најновиот е насловен како„КРИМИНАЛ“, провокативно и актуелно во овие констелации. Тимот кој победува, работеше и на овој негов хит, Багзи и Мечкаров, а видео-спотот го изработи Стефан Стојкоски.

Модел во спотот заедно со Багзи е Матеа Христовска од Битола, која по завршувањето на снимањето на спотот, летово на светски избор „World Next Top Model 2023“, претставувајќи ја Македонија и ја освои титулата за најдобро тело – „MISS BEST BODY“, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Спотот е интересна приказна од секојдневието на младите, кои се соочуваат со се поголемата трка по материјалното, бескрупулозноста, и љубовта како измислена категорија.

Погледнете ги новата песна и спотот на Багзи. Уживајте!

„КРИМИНАЛ“, нов хит на хип-хоп артистот Багзи

OhridNews