„Тоа е позитивен сигнал“, истакна г.Климент од МПЦ, според кого Охридската конференција е добра можност да се испрати порака до православниот свет во насока на решавање на отворените прашања, меѓу кои и тоа на Македонската православна Црква.
-Ова е згодна можност архиереите да понесат свои впечатоци кои подоцна ќе делуваат во решавањето на отвореното македонско црковно прашање. Ние знаеме дека нашето место во помесните православни цркви е празно и треба да го пополниме и токму ваквите средби мислам дека ќе помогнат да се реши ова прашање, изјави за OhridNews, г. Климент.
Во Охрид допатуваа митрополити на Руската и Албанската православна црква и архиепископот на Антиохиската православна црква, а изостана присуство на црковни претставници од Бугарија и Грција кои се претставени од универзитетски професори.