Две Британски екипи влегле во историјата и во Гинисовата книга на рекорди откако одиграле натпревар во крикет на Монт Еверест. Во службениот натпревар екипата на Хилари ја победила екипата на Тензиг на 5165 метри надморска висина.


Педесеттина храбри авантуристи, меѓу кои биле адвокати, лекари и други службеници собрале преку 250 000 фунти за хуманитарни цели. И покрај необичните услови Британскиот сојуз службено го признал натпреварот. За да стигнат на местото на одигрување двата тима поминале девет дена пешачење на Хималаите.