Претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко ќе се одигра на 20.11.2021 (сабота) со почеток од 20:00 часот. Театарската комична игра на карактери на сцената ќе ја донесат актерите од НУЦК „Григор Прличев“ Охрид: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.
Претставата е под режисерската палка на Љупчо Ѓоргиевски, и ќе се одигра со почеток во 20:00 часот во големата сала при НУЦК Григор Прличев Охрид.
Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика. Посетителите при влез, задолжително мора да поседуваат и да прикажат документ со кој се потврдува извршена имунизација со две дози вакцина против Ковид-19 или сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Сертификатите не се однесуваат за лица под 18 годишна возраст.
Картите по цена од 200 денари можат да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.
OhridNews