Германките цариници запреле еден човек кој имал 58 години, кој се обидел да влезе во Германија од Луксембург со три златни плочи  сокриени во волнените чорапи. Човекот од багаж носел само една актовка во која имало злато вредно 105 илјади евра, соопштила царината во германскиот град Кобленц.


Бидејќи претходно ниту на царината ниту на полцијата не им пријавил дека пренесува злато, човекот ќе биде задржан на испитување на потеклото на златото, а покрај тоа ќе мора да плати и поголема сума за царинење на златото.