Едно кино на периферијата на Москва наместо седишта на гледачите им нуди 17 брачни кревети, како би се направила интимна атмосфера како дома. Пред проекцијата на филмот се делат папучи, постелината се менува после секој пар, додека на масичката покрај креветот има пуканки.
Единствено искушение со кое се соочува гледачот е да не заспие за време на филмот. Едно кино во Париз во јули класичните седишта ги замени со кревети за две или четири лица. Гледачите на влезот треба да облечат пиџами. Во Лондон исто така постои такво кино во престижната населба Нотинг Хил. Во киното има и кревети, но и софи, во првиот ред, а сета таа удобност чини 38 евра по лице.