Клубот за едрење во англискиот град Торп Беј бил евакуиран откако двајца полицајци една гумена змија ја замениле за вистинска. Упатиле итен повик во контролната соба и ја известиле станицата дека забележале кобра замотана на еден од нивните велосипеди. Неколку моменти пред да пристигне директорот на клубот за едрење, полицајците сватиле дека змијата е гумена.


Директорот, кој по дојавата за змијата веднаш пристигнал, зграбил еден од алатите и се упатил кон неа. Полицајците му кажале дека е гумена. Директорот ги пофалил полицајците и рекол дека се поголем број луѓе тие животни ги чуваат дома и додал дека не невозможно тие да побегнат.