Кремљ денеска оцени дека новите испораки на американско оружје за Украина само ќе го „интензивираат“ конфликтот со Русија.

Сето ова секако води кон ескалација на конфликтот и не е добро за Украина, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој рече и дека не очекува Зеленски по посетата на САД да го смени ставот во врска со можните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски потврди дека е на пат за САД.

На пат кон САД да ја зајакнеме отпорноста и одбранбените капацитети на Украина, напиша Зеленски на Твитер.

Тој најави дека со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за соработката меѓу Украина и САД. Тој изјави и дека ќе се обрати пред американскиот Конгрес.

Белата куќа претходно соопшти дека Зеленски ќе се сретне со Бајден, како и дека американскиот претседател ќе објави „значајна“ нова помош за Украина.

Според претходната изјава на висок американски функционер, во таа помош треба да биде вклучен и ракетниот одбранбен систем Патриот.

OhridNews