Кремот за сончање не е само миризлива течност, тој е тука за да ве заштити од изгореници на кожата и нејзино предвремено стареење. Овие се пет најважни работи кои секоја девојка треба да ги знае за кремовите за сончање.
1. Кремот за сончање им е потребен на сите. Не е важно дали имате темна кожа или веќе сте добиле боја во текот на летото. Кремот за сончање е тука за да ве заштити вас и вашето здравје.
2. Кремовите за сончање најдобро е да ги ставите уште пред излегување од вашиот дом, а треба да го нанесете повторно на секои два часа.
3. Водоотпорни кремови за сончање не можат да ви овозможат целосна заштита. По 40 минути во вода го губат своето влијание, па пожелно е да се излезе од вода и да нанесете повторно.
4. Факторот не ја означува јачината туку колку долго го има ефектот. Многу жени избираат ниски фактори за да поцрнат побрзо, но тоа е потполна безмислица бидејќи факторот ја означува должината на траењето на заштитниот фактор.
5. Кремот за сончање е неопходен и доколку излегувате во град, дури и кога времето е облачно се пропуштаат дури 80 отсто од УВ зраците.
OhridNews