Крематориум во шведскиот град Халмстад одлучил еколошки да го реши вишокот на температура од спалувањето лешеви. Починатите сограѓани наскоро би можеле да ги греат радијаторите од околните населби. По обвинението дека емитира штетни материи во околината, крематориумот излегол со единствен предлог.
„Зошто да се вложуваат големи пари во системи за разладување на штетниот чад пред да се пушти во атмосферата, кога со топлината од согорувањето можат да се загреваат околните населби?“.
Кога ќе се кремира телото се ослободуваат многу отровни гасови, меѓу останатото и пломбите кои на температура од 1.500 степени испуштаат жива. Пред да се испушти во атмосферата, чадот од изгорените лешеви мора да се олади на 150 степени.
„Секако дека предлогот ќе покрене многу етички прашања, но што се однесува до нас, ова е чиста еколошка идеја“ – објаснал директорот на крематориумот.