Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц укажал на украински напади врз цивилни цели, станбени области во градовите Доњецк и Макеевка, соопшти Кремљ.

Според Москва, украинските оружени сили ракетирале станбени области во двата града, што резултирало со значителен број човечки жртви.

Тие воени злосторства беа игнорирани од Западот, стои во соопштението од Кремљ.

Засега нема независни извори што би ги потврдиле таквите наводи. Русија од почетокот на инвазијата врз Украина на 24 минатиот месец постојано е обвинувана за намерно напаѓање цивилни цели во земјата.

Шолц на чија инцијатива бил реализиран телефонскиот разговор, бил во насока да се изврши притисок за прекин на огнот и што поскоро запирање на непријателствата, се вели во дописот од Кремљ.

Притоа од Путин било истакнато дека се прави се што е можно да се избегнат цивилни жртви. Како пример ги посочил хуманитарните коридори што ги дозволува руската страна за евакуација на населението од зоните каде се дејствува.

Според Кремљ, рускиот претседател го информирал Шолц и за статусот на тековните преговори меѓу Москва и Киев, при што укажал дека „украинската страна го одложувала процесот изнесувајќи нови нереални предлози“.

OhridNews