Кремљ не исклучува одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа треба да биде темелно подготвена за да даде резултати, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Теоретски, тоа е навистина можно, истакна Песков.
Портпаролот на Кремљ, исто така, посочи дека „прво, делегациите и министрите треба да го направат својот дел, за да се погрижат претседателите да не се состанат само за разговори, туку дека средбата што ќе ја одржат ќе постигне резултати“.
Ставот на Русија не е тајна, тој беше формулиран и претставен на украинските преговарачи. Ги чекаме нивните појаснувања, додаде Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нагласи дека има одреден напредок во разговорите на Москва со Украина, но не даде детали.
Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна, рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“.
OhridNews