Даниел Крег, Зак Ефрон и Дејвид Бекам се мажите со најмногу стил во изминатава година според листата која ја составило машкото списание „GQ“. На првото место бил британскиот актер Крег, ѕвездата на филмовите за Џејмс Бонд. Благодарение на британскиот стајлинг и совршената фигура, оваа година бил забележан каде и да се појавел.
Веднаш зад него бил тинејџерскиот срцекршач Зак Ефрон. ѕвездата на музичката серија “High Scool Musical”, кој во филмот “Paperboy” и дал посериозен тон на својата кариера, и кој се одликува со „плејбој“ стил кој очигледно на многумина им се допаѓа. британскиот фудбалски ас Дејвид Бекам го зазел третото место, четврти бил Бруно Марс, а на петтото место се нашол актерот Јуан Мекгрегор.