Руската Сбер банка од неодамна во понудата ја има највредната кредитна картичка на светот, Виза Инфинити Ексклузив, изработена од чисто злато, обложена со Седеф и со 26 дијаманти. За изработка на картичката потербно е на банката да и се уплатат 100 илјади долари, но вистинската цена на изработката е 65 илјади долари, бидејќи банката го наградува секој сопственик на картичката со 35 илјади долари на сметката.
Годишна членарина за картичкта е 2000 долари, а секој од сопствениците на подарок ќе добие нов Ајфон 5, пренеле медиумите. Банката тврди дека картичката „ги отвара вратите на ексклузивните услуги и привилегии“ само на избрани клинети.