Крадец провалувајќи во куќа очекувал дека нема да има никој. Но ја здогледал старицата и побегнал со празни раце. Чувствувајќи грижа на совест, непознатиот крадец наредниот ден испратил букет со цвеќе на старицата во чија куќа провалил.


Во букетот имало картичка во која пишувало дека му е жал за тоа што го направил и не очекувал да има некој во куќата. Исто така напишал дека немал намера да повреди некого.

„Никогаш не сум имал ваков случај после долги години во службата“ – рекол инспектор од полицијата.