Петнаесеттиот Салон на чоколада во Париз оваа година, како и секогаш, ја поврзува уметноста и гастрономијата. Посетителите уживале во необичните модни креации изработени, покрај другото, и од чоколадо. На петнаесеттиот париски салон на чоколада посетителите ги освоиле креациите на модната писта. На настанот се собрал и кремот на париската мода, а моделите кои ги прошетале необичните креации навистина биле “да се изедат“.


Фустаните и корсетите украсени со чоколадни производи или инспирирани од чоколадото, претставени се како последни модни хитови.

Но, посетителите не уживале само во погледите на слатките манекенки, туку веќе и самите можеле да ги пробаат чоколадните деликатеси и производи кои под името „уметност на животот“ ги претставиле стотици производители од целиот свет.