Лу Перлман, еден од најпознатите креатори на амерички музички бој-бендови осуден е на 25 години затвор поради измама во износ од 300 милиони долари.

Лу Перлман е познат како личност која ги креирала двата најпопуларни бој-бендови, Бекстрит Бојс и Н’Синс.


Перлман во текот на последните 20 години ја лажел полицијата, пријателите, инвеститорите и банките, наговарајки ги да вложуваат пари во две лажни компании.

Тој за време на судскиот процес прифатил спогодба со која се обврзува да помогне за откривање на своите соучесници.

Судијата кој ја донел пресудата за затворска казна изјавил дека за секој вратен милион долари на своите жртви, казната ќе му биде намалена за 1 месец затвор.

Обвинителството утврдило дека Перлман измамил 250 луѓе кои изгубиле околу 200 милиони долари и 10 финансиски институции кои на Перлман му довериле околу 100 милиони долари.