„Ваква катастрофа до сега немало“, вели повозрасен охриѓанец во видеото на познатиот млад јутјубер Никола Ставрески. Тој на оригинален и креативен начин ја доловува атмосферата која изминатиот викенд владееше во Охрид, кој беше преполн со гости, во голем дел млади, од сите краеви на земјата. Однесувањето на дел од посетителите кои секоја вечер зад нив оставаа огромни количини најразличен отпад на јавните површини и во езерото, предизвика огромен револт во јавноста.

OhridNews