Младите и креативни девојки Марија Филева и Симона Јовчевска Зајец на прекрасен начин ја „преуредија“ старата кутија за струја пред дуќанот за продажба на оригинален охридски бисер на Д-р Павел Филев, во центарот на Охрид. Марија и Симона го претворија ова грдо парче железо во мало уметничко дело кое сега го разубавува просторот.
Во ова тмурно и депресивно време на пандемија, добивме едно катче кое веруваме ќе краде насмевки и восхит. – вели Марија Филева.
Инаку, интересно е тоа што иницијативата потекнала од гостување во телевизиска емисија посветена на креативните занаети, каде всушност се запознале Марија и Симона.
Разубавената кутија за струја веќе го привлекува вниманието на минувачите, најмладите, пак, застануваат да се фотографираат.
На социјалните мрежи осамнаа многу коментари со пофалби за идејата на Марија и Симона.
Урбаната уметност на Марија и Симона е одлична идеја како да се разубават многу грди и запуштени катчиња во градот. Младите имаат идеја, креативност и потенцијал, кои градот може и треба да ги искористи.
Г.М.