Со креативна и модерна анимација, во која се опфатени почетоците и предизвиците на „Охрид трчаТ“, организаторите го најавувуваат јубилејното петто издание на Атлетската манифестација, која ќе се одржи од 4 до 6 јуни во Охрид. Во видеото кое го изработи Дарко Талески од Прилеп прикажана е кратката историја на „Охрид трчаТ“, кој за кратко време стана охридски бренд во Македонија и странство.

Прв пат „Охрид трчаТ“ се одржа во 2017 година, предизвикувајќи бум во македонски рамки. Второто и третото издание беа голем чекор напред кон приближување на градовите домаќини на настани од ваков вид. Четвртото издание беше вистински предизвик, бидејќи се одржа под строги мерки и протоколи во време на пандемија на коронавирусот. Учесниците и организитароите покажаа голема професионалност, почитувајќи ги сите препораки за неверојатен настан кој внесе свежа крв во населението.

Годинава, јубилејното петто издание повторно ќе се одржи во време на пандемија на коронавирусот, но со обврска повеќе, затоа што мора да се повтори ланската организација и да се отиде чекор напред.

OhridNews