Се наоѓаме на самиот старт на изборната кампања за локалните избори на 17ти октомври. Ние, како кандидати имаме задача да ја презентираме својата програма, а Вие како гласачи, да го направите вистинскиот избор, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на СДСМ, Игор Крцоски.

Препознатливи сме по водење успешни политики, кои видливо го менуваат животот на граѓаните на подобро. Вложуваме во повисоки плати и пензии,  образование, социјална заштита, инфраструктура, бројни инвестиции, нови работни места. Гласот за СДСМ и за мене како кандидат за Градоначалник на Дебрца како и советничката листа, е глас за општина во која заедно ќе одлучуваме, ќе ја развиваме и унапредуваме со мудри одлуки, стратешки промени и силна поддршка од централната власт, истакна Крцоски.

Низ Дебрца се среќаваме секојдневно, а сме поминале и низ многу изборни процеси, додаде Крцоски барајќи ја поддршката од граѓаните.

 

OhridNews