Силната динамика на развој која ја практикува централната власт во изминатиот период, мора да продолжи преку проекти кои ќе ја развиваат и унапредуваат нашата општина, вели кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата Игор Крцоски.

Како локална самоуправа ќе вложиме во реновирање и оспособување на објектот во Мешеишта, кој во минатото се користеше како полициска станица, и преку соработка со Министерството за внатрешни работи силно ќе се заложиме за повторно отварање на подрачна единица на СВР Охрид во реновираниот објект, вели Крцоски.

Овој објект е од особена важност за безбедноста и сигурноста на целокупното население на општина Дебрца, додаде Крцоски.

 

 

OhridNews