Презентирани предвидените проекти во програмата за работа и развој на општина Дебрца за периодот од 2021 до 2025 година од страна на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата Игор Крцоски.

Во рамките на проект „Зелена Агенда“ ќе се работи на 3 поголеми фронтови и тоа во комунална сфера предвидено е јакнење на капацитетите на комуналното претпријатие самоуправа, чистење на диви депонии и нивно трајно решавање, набавка на механизација за одржување на канализациона мрежа, набавка за садови за комунален отпад на ниво на цело општина, набавка на цистерна за миење и чистење улици, плоштади, модернизација на возилата за комунална хигиена, уредување на централни селски подрачја со зеленило, и нивно редовно одржување. Во однос на  алтернативни и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност предвидено е стратегија за енергетска ефикасност, влог во енергетско-ефикасни објекти, субвенции за замена на столарија, енергетско-ефикасни фасади, поставување фотоволтаици, обуки за енергетска ефикасност, воспоставување систем за рециклирање. Во однос на органското производство предвидено е помош и поддршка за производителите на органски производи, уредување и санација на полски патишта за пристап до земјоделски површини, поддршка за набавка на механизација и награда за најдобар млад земјоделец, вели Крцоски.

Во однос на проектот за „Дебрца-дестинација за алтернативен туризам“ предвидено е стратегија за алтернативен туризам, развој на промотивни материјали, пилотирање проекти за алтернативен туризам, како и мапирање и поставување сигнализација за планински патеки, вело-патеки, патеки за мото-крос.

Во рамките на проектот „Дебрца во економски подем“ предвидено е изнајмување-субвенционирање за изнајмување на локал тезги во пазарите во Охрид/Струга за пласман на производи, помош при брендирање и е-продажба на производи (ајвар,мед..), воспоставување соработка со иселеници, годишен економски форум, јавно-приватно партнерство, како и правна помош за воспоставување бизнис, додава Крцоски.

Проектот „Месни заедници-движечка сила во Дебрца“ предвидува интензивирање на соработка, Е-заедница, воспоставување на форуми во зедницата како алатка за зајакнување на демократско владеење на локалната самоуправа, како и поддршка и зајакнување на работата на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови): групи за развој и имплементација на мали рурални проекти, додава Крцоски.

OhridNews