“Охрид, Охрид само Охрид“, татнеше од соблекувалната на охриѓани кои го прославија пласманот во осминафиналето од национаналниот куп. На “Билјанини“ падна падна Х. Турново екипа која е вторпласирна во прволигашката конкуренција. По поразот од Брегалница на домашен терен многумина уште непочнат натпреварот го отпишаа Охрид, но “рибарите“ со пожртвувана игра успеаа да го совладаат фаворитот и на најдобар можен начин да им се реваншираат за седумката пред две сезони на “Кукуш“. За Охрид ова беше прва победа во третиот меѓусебен натпревар.
– Овие момци ја заслужија победата, искрено не очекував вака лесно да го победиме Турново кој е второпласиран на прволигашката табела. Одигравме дисциплинирано, добро и заслужено одиме понатаму – истакна Драган Блажески – Крчо тренерот на Охрид.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com