Ракометарите на Охрид скапо ја продадоа кожата во натпреварот со Еурофарм Пелистер, но мораа да го положи оружјето пред битолчани, кои во салата „Билјанини извори“ ја заверија титулата. До ваков епилог дојде откако Тиквеш и Вардар одиграа нерешено 32:32, со што Пелистер стекна недостижна предност пред скопјани на коло до крајот на првенството, а Охрид ги загуби шансите за 4-то место, без оглед на исходот во последното коло.

Во почетните минути се играше рамноправно. По 3:3 Пелистер направи серија и поведе 4:10, па 6:11. Во финишот на првиот дел Охрид со мини серија намали на 11:14.

Во вториот дел се водеше голема битка. Пелистер во еден момент поведе со +7 (14:21). Охрид не се предаваше и полека почна да ја топи предноста на противникот. Во еден момент Охрид стигна на -2 и опасно го загрози амбициозниот противник. По неколку судиски одлуки кои предизвикаа негодување кај домашната публика, Пелистер ја искористи нервозата кај противникот и го зададе решавачкиот удар.

Статистика:

ГРК Охрид: Миленковиќ, К. Андоновски, Рустамов 3, Дрогришки 5, Цинцадѕе, Д. Андоновски 1, Василевски, Тасески 3, Вјештица 3, Шешиќ 3, , Каракоч, Бојаниќ 3, Цирар 3

РК Еурофарм Пелистер: Лесјак, Ојлески, Кузманоски 9, Каспер, Радовиќ, Танкоски 1, Усама 1, Костески 3, Вилсон, Кукоски, Велковски, Пешевски 6, Ханенберг, Атанасијевиќ 1, Стевановиќ 5, Кизиќ

На натпреварот Охрид, покрај верните Рибари, ја имаше поддршката и од група симпатизери на германски Сент Паули, кои ги собраа симпатиите на неутралната публика.

Фото галерија:

По завршување на мечот битолчани ја разбраа добрата вест од Кавадарци, по што започна шампионското слјавје.

Охрид во последното коло гостува на Бутел во натпревар кој нема резултатско значење.

Г. Момироски
Фото: Бобан Стојаноски