Средбата е иницирана со цел договарање на превентивни мерки за спречување на појава на кривичните дела кражби од црквите и другите верски објекти, информитраат од СВР Охрид.
Според податоците на СВР Охрид во изминатите девет месеци од црквите во охридско украдени бил еден крст од 40 цм. пари и други поситни и не толку значајни предмети. Од страна на полицијата, откриени се извршителите на кражбите во црквите „Св.Петка“ и „Св.Климент“ во Велгошти и против нив е поднесена кривична пријава. Службата презема оперативни мерки за реализација на останатите кривични дела, велат од СВР Охрид.
На средбата акцентот бил ставен на неопходноста од превентивни мерки но и елиминирање на опасностите од пожари. За таа цел со црковните одбори ке бидат реализирани одвоени средби со конкретни задачи и насоки за постапувања во вакви случаи. Исто така била нагласена потребата од зголемена комуникација со граѓаните и верниците за брзо пријавување на кражбите.