Вчера, во Полициската станица во Велешта било пријавено дека во периодот од 22.02 до 01.03.2015 година, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Петка“ во струшкото село Долна Белица.

Сторителот низ отворената влезна врата влегол внатре во црквата и со подесен предмет ја откорнал вратничката од металната каса во која се оставаат пари, при што одзел околу 1.000 денари.

OhridNews