Како што информираат од СВР Охрид, засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани.

– Настанот се случил вчера околу 9 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса. Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот , извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

OhridNews