Во саботата (05.06.2010 год) во 16.20 часот извршена е кражба во кругот на Р.Е.”Механизација” на Ј.П.”Охридски Комуналец”, поточно во просториите на механичарската работилница, соопштуваат од компанијата на нивната веб страна.


Вратата од работилницата е насилно скршена и според првичните проценки украдени се 3 акумулатори. Од снимениот материјал на сигурносните камери кои се поставени во кругот на Р.Е.”Механизација”, за брзо време идентификувани се двете лица кои ја извршиле кражбата и за нив се спроведени соодветни законски мерки.

OhridNews