Во периодот од 15- ти до 18- ти овој месец во Струга на ул. „ Гоце Делчев“, во куќата сопственост на К.В., непознат сторител извршил тешка кражба при што одзел околу 2.000 до 3. 000 американски долари и златен накит со што причинил материјална штета од околу 100.000 денари. Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот со погоден предмет го искршил цилиндерот од бравата на влезната врата, влегол внатре и по извршено претурање по собите, ги одзел парите и накитот, а потоа го напуштил лице местото. Струшката полиција презема мерки за пронаоѓање на строрителот.

На 18- ти септември во времето од 1 до 8 часот на ул.„Партизанска“бб, во ОУ “Браќа Миладиновци“ и во канцеларијата за контакт со граѓани, лоцирана во истиот објект, непознат сторител извршил оштетување на тој начин што со камен искршил 15 стакла од објектот, со што причинил материјална штета од околу 30.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews
извор: МВР