Научникот Криста МекЛенан тврди дека и кравите имаат најдобри пријателки и дека се изложени на стрес кога ќе ги раздвојат. Таа до ова сознание дошла кога го изработувала својот докторски труд. Верува дека ова откритие би можела да го подобри квалитетот на млекото. Ги мерела отчукувањата на срцето и нивото на кортизол кај кравите како би го видела влијанието на изолацијата врз нивното здравје.
Ја пратела состојбата кај кравите во изолација, со позната крава и со крава која никогаш претходно не ја видела. Ги мерела отчукувањата на срцето во интервали од 15 секунди и открила дека кога кравите покрај себе имаат познанички од шталата, срцето им чука помирно отколку кога се покрај непознати крави.