Исцрпените јапонски директори конечно ќе можат да се одморат и на работа со помош на најновиот изум, кравата која се претвора во перница. „Nemuri Tie“ или „Кравата за спиење“ ја изумила компанијата KTM CO.


Се носи како и обичната кравата, но од внатрешната страна има вентил низ кој се пумпа воздух. Откако ќе ја надувате межете безгрижно да заспиете на работното место. Краватата е изработена од свила и посебни микро влакна кои ја ладат кожата. Цената на краватата е околу 25 евра.