Една крава се качила на покривот на една куќа, што го шокирало сопственикот на имотот кој помислил дека го нападнале крадци. Соседот Вилијам де Коти ја фотографирал кравата откако ја забележал како стои на покривот, скоро два метри над земјата. Тој рекол дека претходно чул дека кравите можат да скокаат многу високо, што било потврдено со овој случај.
Сопственикот на имотот по враќањето од работа повикал полиција бидејќи помислил дека крадци се обиделе да влезат во куќата преку покривот. Тој бил сигурен дека неговата куќа е ограбена. Локалниот полицаец изјавил дека е среќен што не си имал работа со вистински крадци и што имал фотографија на чиј основ го решил случајот.