Крва побегнала од кланица, паднала во канализациски отвор и бегала 1,5 километри низ подземните цевки додека не ја уловиле. Животното тешко 570 килограми го лоцирале кога некој човек пријавил пригушено мукање кое доаѓало од некаде од зградата.


Работници ја пронашле кравата заглавена во тесен отвор на подземниот тунел. Пред да ја извлечат со помош на дигалка, ја смириле со седативи. За жал, кравата на крај морале да ја успијат бидејќи повредите кои ги здобила во бегството биле претешки.