Една крава во Грузија отелила теле кое има две глави, четири очи, три уши и две усти. Сеуште не провериле дали телето е здраво, а може да јаде и низ едната и низ другата уста. Кравата која го отелила одбива да го храни, па тоа секојдневно го прави неговата сопственичка, фармерката Иракли Џргаркава.


Ветеринарот Џосеф Паскал рекол дека мораат да проверат како ќе се развиваат коските на телето и дали обете глави се добро прицврстени за телото. Рекол дека тоа е важно за да може телето да добива доволно храна и воздух. Само едно од 35 милиони телиња се раѓа со таква деформација и повеќето такви животни се раѓаат мртви.