Невреме проследено со краткотрајни, но интензивни врнежи од град, утрово го зафати охридскиот регион. Мразот со големина на грашок за кусо време ги побеле покривите. За среќа невремето траеше многу кратко и не предизвика проблеми.


Според најавите на синоптичарите, во наредните денови не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд и снег на повисоките места.

OhridNews
фото: Васко Бујароски