Краткиот игран филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на Лунар и Дрим Фектори, имаше успешна летна фестивалска сезона. Имено филмот летото го започна во селекцијата на Arroios film festival во Лисабон-Португалија, фестивалскиот пат го продолжи во официјалната селекција на Los Anglees cine fest-УСА, пред само неколку дена беше дел од фестивалот Сила во Италија, за летниот фестивалски успех, да го заврши со премиера пред Битолската публика на фестивалот Браќа Манаки.
Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.
„Брат за еден ден“ е приказна од нашиот град, нашите улици, нашето маало. А, сепак може да се случи секаде. Едно сосема модерно тричлено семејство, во трка со време и пари посветува малку време на својата 7 годишна ќерка, Ања. Немаат ни време а, ни нерви да се објаснуваат со неа па затоа добива се што сака, само за тие „да си купат мир“. „Брат за еден ден“ – на прв поглед изгледа дека е приказна за различни националности.
Главната улога ја толкуваат 7 годишните Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски.
Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а авторска екипа ја сочинуваат: Директорот на фотографија Димо Попов, сценографијата во филмот ја креираше , Костимограф е Раде Василев, автор на музиката е Оливер Димитров, снимател и дезајнер на звукот е Игор Поповски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Во моментов Стојан Вујичиќ го заврши својот нов краток филм Допир, а го подготвува својот игран филм СТЕЛА.
OhridNews