Синоќа на повеќе наврати во централното градско подрачје имаше  кратки прекини во напојувањето со електрична енергија. И покрај обидите од дежурните во ЕСМ-Охрид не успеавме да добиеме објаснување за проблемот.

Прекините во напојувањето со електрична енергија беа во интервал од по неколку секунди што најверојатно се должи на преоптоварување на електричната мрежа.

Сепак извори во ЕСМ не ја исклучуваат можноста кратките прекини кои ги вознемирија илјадниците шетачи во чаршијата да се должат и на големите пожари што беснеат во битолско каде минува далноводот преку кој со електрична енергија се снабдува Охрид.

ohridnews