УО на ФФМ на вчерашнта седница во Охрид,го прифати календарот за натпревари за наредната сезона 2008/09 со што сезоната започнува на 2/3 август. Првиот дел од првенството ќе заврши на 12. Декември.

Извештај за сезоната 2007/08 поднесе и Судискиот одбор при ФФМ кој најави скратување на листите за следната сезона во согласност со новата конвенција на УЕФА која пропишува скратување на судиските листи (главна) на максимум 28 имиња.

УО донесе одлука за зголемување на судиските и контролорските такси во Првата и Втората МФЛ на барање на Судискиот одбор при ФФМ.

УО донесе одлука за изработка на урнек за потпишување на професионални договори по теркот на ФИФА и УЕФА и истите ќе бидат заверувани во ФФМ со цел да се заштитат клубовите но и фудбалерите кои преку нив остваруваат договор за работа и егзистирање.

Претседателот Хари Хаџи-Ристески ги информира членовите на УО за учеството на последниот конгрес на ФИФА но и за новите активности на УЕФА која најавува проширување на бројот на учесници на ЕП од 16 на 24 и се очекува заживување на оваа идеја од сезоната 2012 или пак од 2016 што како конечна одлука се очекува да биде прецизирано на следната седница на ИК на УЕФА што ќе се одржи во Бордо.

извор ФФМ