Клер Пирс верува дека ја одгледала најголемата краставица на светот. Никогаш претходно не одгледувала краставици и се изненадила откако забележала една од нив која нараснала 1,2 метри. Истакнала дека на семето кое го засадила му бил поминат рокот на траење. Моменталниот рекорд го држи Френк Димок од Велика Британија кој пред две години одгледал краставица долга 1,02 метри.


Стрпливата Клер сеуште ги чека официјалните лица на гинисовата книга за да ја измерат краставицата од нејзината градина и да потврдат дека е најдолга на светот. Клер инаку има 12 внуци, а краставиците ги засадила во градината пред својата куќа во Велика Британија.