Екипата на Краш Волендам го совлада Охрид во рамките од турнирот кој се игра во холандскиот град Сомерен. „Гладијаторите“ изгубија 38-25.

Со двоцифрениот триумф холандските ракометари им се реваншираа на охриѓани за елиминацијата во првата квалификациска рунда во Купот на ЕХФ минатата сезона.

Охриѓани во Холандија место три, одиграа два мечеви и утре (сабота) ќе тргнат за назад. Во првиот натпревар Охрид славеше над Херкулес 32-24.

Со учеството на турнирот и турнејата во Холандија и Германија, охридските ракометари ја завршија 2018 година. „Гладијаторите“ во есенската полусезона завршија на втората позиција на табелата во Супер лигата и со изгледни шанси за пласман во плејофот.

OhridNews