Германскиот „Билд“ прв објавил фотографија која го овековечила моментот кога на војвотката ветер и ја подигналa сукњата за време на турнејата во Австралија. Фотографиите биле понудени на британските списанија, кои одбиле да ги објават, но медиумите пренесуваат вест за „безобразлукот“ на останантите кои ги пуштиле во јавност.

Од почит кон сопругата на принцот Вилијам, британските весници наместо тие фотографии објвиле црни квадрати, или цензурирани верзии. Оваа не е прв пат фотографии на Кејт Мидлтон да предизвикаат бурни реакции. Пред две години, принцот и војвотката тужеле француско списание кое објавило топлес фотографии на Кејт на летување, а италијански и австралиски таблоиди биле критикувани поради објавување на фотографии на Кејт во бикини додека била бремена.