АССЕН: Фондацијата „Помош за Македонија“ е добитник на  Холандска кралска награда. Брачниот пар Јан и Риа Оостерхоф ја водат оваа фондација скоро 15 години. Тие добија сребрен-портокалов кралски брош за нивната работа и целиот труд што го имаат вложено за Македонија. Овој симбол од кралицата Беатрикс ван Орање Насау има големо значење во Холандија. Брачниот пар Оостерхоф исто така се  наградени во Охрид како почесни граѓани во 1992 година.

Јан и Риа Оостерхоф ја посетија Македонија како туристи во 1984 година. На прв поглед се вљубиле во Охридското Езеро.Љубовта кон државата и народот им станала инспирација за нивната помош на Македонија. Започнале со мали идеали, проекти и донаци.Во изминативе години тоа израсна во голема успешна фондација со името „Помош за Македонија“.


Јан и Риа Оостерхоф

 Оостерхоф помагаат во широка смисла на зборот. Пренесуваат веќе15 години редовно од Холандија за Македонија: медицинска помош, облека, ќебиња, кревети, играчки, болнички возила, медицински помагала и големи,професионални медицински апаратури за различни болници во цела Македонија. Се ова го работат 100% од срце и најважното од се е: се е доброволно.


Кралско признание за хуманитарците, вљубеници во Охрид и Македонија

За вакви дела во Холандија – луѓе што се грижат во приватно време за други и што праваат нешто специфично, специјално, доброволно или професионално се сметаат во нивната работа како амбасадори на Холандија и за тоа постои кралска награда. Кралскиот брош не го добива секој. Јан и Риа Оостерхоф живеат во Асен,  во северна Холандија. Во име од кралицата Беатрикс брошот им го врачи  градоначалникот од Асен, господинот Сико Хелдоорн.

Јан и Риа Оостерхоф не го очекуваа ова големо признание. После големото изненадување во полна сала со гости, пријатели, познати и членови на семејството, во атмосфера преполна со емоции, изјавија:„Ќе продолжиме со тоа што најмногу го сакаме: да и помагаме на Македонија. Ги сакаме Македонците.Ќе се трудиме да им помагаме на сите жители на Македонија, се дури можеме“ рече Риа Оостерхоф.

за Ohridnews од Холандија:
Владо Велјаноски