Кралскиот пар Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се во потрага по нова дадилка која би го чувала нивниот син Џорџ. Имено, нивната моментална дадилка, 71-годишната Џеси Веб, која се грижела и за Вилијам додека сеуште бил бебе, веќе била во пензија, но повторно на само три месеци се активирала кога се родил малиот принц.
Иако Кејт и Вилијам сакаат да ја задржат Џеси, се шушка дека тие, поради нејзините години, сега се во дискретна потрага токму по нова дадилка која би требало да ги следи на двомесечната турнеја во Австралија и Ноб Зеланд која ќе биде на пролет.