Британскиот кралски пар Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе станат родители по втор пат, но овој пат на девојче. Како што пренесуваат светските медиуми, малиот принц Џорџ ќе добие сестра која ќе добие име Дајана. Имено, изворн близок на кралскиот пар открил дека новото бебе во британското кралско семејство ќе го носи името на трагично погинатата баба и во народот омилен член во семејството, принцезата Дајана.
Анонимниот извор рекол дека девојчето ќе го носи нејзиното име и ќе биде прекрасен потсетник на Вилијам на неговата покојна мајка. Изворот додал дека дури и кралицата Елизабета се согласува со изборот на името. Кралицата наводно му рекла на Вилијам дека знае како своевремено имала несогласувања со Дајана, но дека никогаш не можела да го оспори фактот дека била одлична мајка.