Принцезата Катарина, внука на кралот Александар Караѓорѓевиќ во друштво со кралски наследници и со аристократи денеска ќе допатува во посета на Охрид каде ќе посетат повеќе културно-историски споменици.

Посетата се реализира по контактот на претставници на нашиот национален туристички портал „Експлоринг Македонија“ со британското аристократско друштво „Лондон сизн“.

Аристократите од ова друштво обично посетуваат земји каде што живеат кралски семејства, но за Македонија се заинтересирале  поради богатата историја на кралски семејства што живееле овде.

Во рамките на посетата на Охрид, аристократите вечерва ќе бидат примени од градоначалникот Александар Петрески.

Г.М.