По 78 години во Албанија се одржа голема „кралска“ свадба. Албанските медиуми јавија дека кралската свадба била организирана по повод женидбата на внукот на албанскиот Крал Ахмед Зогу, Лека Зогу Втори со албанската актерка Елиа Захарија. На свадбата присуствуваа над 300 поканети гости од Кралства и други држави, а на венчавката која се одржа во Дворецот на Бригадите изграден од Италијанците во 1930 година, присуствуваа и претставници од сите вероисповеди што ги има во Албанија.

Меѓу присутните на свадбата присуствуваа и Кралицата Софија од Шпанија како и високи претставници на Кралствата на Велика Британија, Луксембург и други земји од Европа и светот.

Оваа свадба ја следеа и голем број на медиуми од повеќе земји.

OhridNews
извор Макфакс