Рекордерот на Охридскиот пливачки маратон со 11 победи, Петар Стојчев приреди вистинска сензција триумфирајќи на маратонот во Антарктикот во должина од еден километар. Делницата е мала, но условите во кои пливаше Бугаринот се неверојатни, бидејќи температурата на водата беше смрзнувачка, два степени под нулата.

42-годишниот пливач прв мина низ целта од вкупно 15 пливачи кои учествуваа на маратонот во близина на островот Тринити во заливот Микелсон харбор.

  • Многу сум задоволен од оваа победа, бидејќи бевме нервозни поради постојаното одложување на трката. Фала Богу, Бугарин е шампион на Антарктикот во првиот обид. Не сакав да ризикувам и затоа направив предност од почетокот. Не беше лесно. Пред да влезам во водата температурата на телото ми беше 37.3 степени, а кога излегов 30.8 степени. Ова е моја најголема победа, бидејќи само уште тука не пливав. – рече Стојчев.

Неговото време беше 11 минути и 08 секунди, додека второто место го освои најбрзата жена во ледените води, Аргентинката Викторија Мори со време од 12 минути и 9 секунди.

OhridNews