Англичанецот Мајкл Рид, познат како “Кралот на Ла Манш“ по речиси десет часа минати во водите на Охридското езеро ја преплива патеката “Климе Савин“ долга 30 километри.


Виталниот 70 годишен маратонец е најстариот пливач кој некогаш го препливал Охридското езеро.


Пред стотина љубопитни охриѓани кои спонтано се собраа на градското пристаниште, на целта покрај организаторите на овај настан Клубот за
спортови на вода “Охридски Бранови 2008” Охрид,
го пречека легендарниот пливач Нико Нестор.

Ohridnews