Кралицата Елизабета му наредила на принцот Хари да ја избричи брадата бидејќи таа не сака влакна на лицето, наведуваат странските медиуми. Нејзиниот внук пуштил импресивна грица минатиот месец додека престојувал на Јужниот пол. Извор за медиумите открил дека на остатокот на семејството брадата им се допаѓала, посебно на неговата внука Зара. Изгледа кралицата им наредила на слугите да бидат чисти и избричани, па затоа сака нејзиниот внук да биде пример.
Принцот дошол како би ги прославил празниците со семејството во сандрингхам и сакал да ја задржи својата брада и бркови како девојката Кресида Бонас би можела да го види. Извор близок до семејството открил дека кралицата набрзо го изразила своето незадоволство. Не и сметало кралските мажи да пуштаат брада додека се далеку со вооружените сили или во дивина, како Хари на Антарктикот, но очекувала дома да биде свежо избричен.